![]() Тим Mischievous е е-спорт организација која е моментално спонзорирана од Lynx Animation Studios и ние им посакуваме многу успех во иднина. Следи интервју со нашиот Алан Кастило кој е моментално бренд менаџер на тимот: Q: Како бренд менаџер кое е вашето мислење за Македонскиот E-sports?
A: Покрај Hearthstone турнирите организирани од Гоблин – Друштвени игри, во Македонија имаме недостаток на структура и стратегија при организација на гејминг турнири. Моментално во Македонија младите луѓе не се во можност да уживаат во E-sports во полн потенцијал. Мојата амбиција е да се создаде атмосфера каде секоја игра ќе може да се игра на едно професионално ниво и секој гејмер да биде мотивиран да го работи тоа. Q: Што те мотивираше да станеш бренд менаџер за тимот Mischievous? A: Како основна причина е тоа што и јас лично сакам да играм видео игри. Немам доволно време да играм но сакам да гледам стримови од време на време. Мојата намера да помогнам и да ги поддржам младите тимови има позитивно влијание врз Македонското општество и E-sports гејминг заедницата. Q: Дали се среќавате со предизвици, можности и можни подобрувања кои би можеле да се направат на полето на Македонската E-sports сцена? A: Има многу предизвици во полето на E-sports во Македонија. Многумина од луѓето не знаат што се тоа E-sports и имаме огромна прилика да ги едуцираме во таа област и да помогнеме во организција на најразлични гејминг настани. Недостатокот на огранизирани турнири е еден од аспектите кои сакам да ги нагласам. Се надевам дека со нашето инволвирање во E-sports сцената ќе ја популаризираме не само кај гејминг фановите во Македонија туку и пошироката публика затоа што можностите кои ги нуди истата се во изобилство.E-sports сцената во Македонија е нова и неистражена.Одличен пример за успешно организирани турнири се Heartstone турнирите во организација на Гоблин –Друштвени игри, нешто што ме инспирираше мене како бренд менаџер да превземам конкретни чекори во таа насока и да допринесам со моето знаење. Недостатокот на организација е голем демотивациски фактор во Македонската E-sports сцена, но мојата намера е со моето знање и организациски вештини да го променам тоа и да го направам Македонскиот E-sports подобар за сите. Q: Како го смисливте името за тимот “Mischievous”? A: Еден мој пријател, Крис, го смисли еден ден додека гледавме слики од ракуни на интернет. Ракунот изгледаше прилично интересно на сликата па тоа ни даде инспирација не само за името туку и за нашето лого. Q: Колку труд и време вложувате во промоција на тим Mischievous? A: Во моментот суум менаџер на неколку компании и моето време е многу ограничено, но во периодот што следи ќе го дадам мојот максимум за да го промовирам тимот во најдобро светло. Сепак ова е мојата омилена работа и сакам да успеам. Q: Какви конретни планови се превземаат за да се промовира тим Mischievous? A: Сакам да сум тука за сите гејмери кои се дел од тимот и да ги поддржам максимално во нивното патување надвор од Македонија за да го претстават тимот и државата во најдобро светло. Планот е да имплементираме кампањи во кои ќе преовладува дигитален маркетинг со цел да допреме до Македонската популација. Следниот чекор е создавање на E-sports федерација преку која ќе се организираат понатамошните турнири во Македонија, исто така создавање на лига за секоја игра која се игра на компетитивно ниво. До сега во Македонија гејминг турнирите се организирани на погрешен начин одностно не се правилно менаџирани и имаат себичен пристап од страна на оганизаторите, но за поздрав и одлична организација би ги издвоил Гоблин, организатори на Друштвени игри во кој најзначаен е Heartсtone турнирот. Треба да го земеме нивниот едноставен пример и да работиме на негово имплементирање со други видео игри. Q: Кои се следни Hearthstone турнири на кои ќе учествува тим Mischievous? A: Нови Сад е еден од најважните турнири на кои ќе учествуваме но исто така постојано бараме нови регионални турнири од кои би сакале да бидеме дел. Нема да учествуваме во Македонската Heartstone лига поради лигистички причини. Q: Кои се видео игрите за кои тим Mischievous има креирани тимови? A; League of Legends, DOTA 2, Hearthstone и CS: GO. Постојано бараме нови видео игри во кои можеме да се проошириме. Одлични примери за такви игри се FIFA, Mortal Combat XL, Smite, Overwatch, Heroes of the storm итн. Доколку сте Македонски гејмер кој сака да учествува на турнир надвор од државата слободно контактирајте не на нашата Facebook фан страна Team Mischievous - https://web.facebook.com/teammischievous/ . Би ни било задоволство да ви помогнеме и да ве поддржиме доколку сакате да станете дел од меѓународните и националните турнири.
0 Comments
Leave a Reply. |
Lynx Animation Studios2D animation & video games Archives
December 2017
Categories |